ПСЖ сигурно чекори кон нова титула во Лига 1 (ВИДЕО)

Трет „врзан“ триумф по ред на ПСЖ во француското првенство, откако вечерва на свој терен го победи тимот на Тулуз со 3-1, и ја продолжи битката за одбрана на титулата во француската Лига 1.

Дембеле со два  гола и еден гол на Рамос за голема победа на „Светците“ и добра увертира пред мечот со Ливерпул во 1/4 финалето во ЛШ.

Дембеле во 23. минута го отвори резултатот. Сепак, Тулуз се врати со голо на Николаисен кој оди на „душа“ на голманот Сафонов. Но, тука е Дембеле да ги поправи грешките, и во 33. минута донесе нова предност. 

Во вториот дел Рамос во судиското надополнување само стави точка на оваа победа на избраниците на Луис Енрике.

Се вчитува...