Катастрофа на Чикаго во Њујорк, продолжува битката за „топ 6“ на Истокот

И додека во западната конкуренција во НБА има само една непозната, односно кој од Минесота и Феникс ќе се пласира меѓу најдобрите шест во плеј-офот, на Истокот и натаму трае неизвесноста пред крајот на регуларниот дел од сезоната.

Минесота имаше голема шанса да направи исчекор, и да се одлепи од Феникс, но ноќеска загуби на гостувањето кај Филаделфија со 115-103, благодарение на катастрофалниот трет период, кој Филаделфија го доби со 42-24.

На Истокот, пак, вистинска мешаница за последните две места во топ 6. Згора на тоа сите кои се борат за тие позиција, ноќеска триумфираа, и така ги задржаа шансите да се пласираат директно во 1/8 финалето.

Најубедлива победа во синоќешните НБА натпревари оствари Њујорк, кој со дури 40 поени разлика го победи тимот на Чикаго. На крајот беше 136-96 во корист на Никс, кои веќе имаат загарантирано место меѓу најдобрите шест тима на Истокот.

На крилата на Британецот Ануноби кој постигна 31 поен, „Никси“ дојдоа до победата број 50 во регуларниот дел од сезоната.

НБА, РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Индијана 129-108
Филаделфија – Минесота 115-103
Бруклин – Атланта 107-141
Њујорк – Чикаго 136-96
Хјустон – Јута 140-106
Мемфис – Торонто 96-128
Милвоки – Бостон 101-133
Далас – Орландо 127-138
Сакраменто – Њу Орлеанс 117-113

Standings provided by Sofascore

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...