Ужас на фудбалски натпревар во Лима, најмалку еден загинат

Најмалку едно лице загина, а 47 други се повредени од непознати причини на стадион во Лима за време на собир на навивачи пред фудбалското дерби, изјави во саботата министерот за здравство на Перу.

Меѓу повредените имало тројца малолетници, а 39 лица биле однесени во болница. Тројца се во критична состојба, додаде министерот.

„На стадионот се случи тажен инцидент во кој беа повредени 47 лица, а за жал, е регистриран и еден смртен случај“, изјави министерот Хуан Карлос Веласко пред новинарите, без да објасни што точно се случило.

Првично беше објавено дека дел од трибина се урнал, но потоа властите демантираа.

Се вчитува...