Првиот избор на НБА драфтот оваа сезона, Купер Флаг (19), постави нов рекорд за најмлад тинејџер со повеќе од 50 поени, постигнувајќи 51 поен во поразот на Далас од Орландо со 127:138.
Претходниот рекорд за негова возраст од 49 поени беше поставен во јануари против Шарлот. Флаг беше прецизен на 19 од 30 обиди, додека во последната четвртина постигна 24 поени.
„Секогаш е забавно кога ќе влезам во тој ритам. Обрачот се шири, а кошот станува поголем. Соиграчите те бараат, ти помагаат. Сепак, сакам да победувам и тоа е секогаш мојата главна цел, па затоа ми е тешко целосно да уживам во мојот настап кога губиме 20, 10 или 15 поени во поголемиот дел од натпреварот “, рече Флег по историскиот настап.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

