Белгискиот интернационалец во редовите на Наполи, Кевин де Брујне проговори за можноста да го напушти фудбалот. 34-годишниот фудбалер од оваа сезона е дел од Наполи, одигра 11 меча, а потоа се повреди и отсуствуваше добар дел од сезоната.
Тој кажа дена Наполи била одлична средина за него, и дека ја одбрал оваа дестинација заедно со семејството.
„Тоа беше најдобар проект за мене и за моето семејство, затоа што сакав да играм на највисоко ниво, а во Наполи тоа беше можно. Морам да бидам среќен и во својата работа и во животот“, изјави Де Брујне.
Белгиецот кажа дека малку го загубил интересот за фудбал…
„Претпоставувам дека тоа е нормално после 30 години. Понекогаш губиш интерес како и во секоја работа“, изјави Де Брујне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

