Прекрасен гол на Димитриоски, Охрид го победи Новаци (ВИДЕО)

Екипата на Охрид го совлада тимот на Новаци со 3-0 во првиот меч во 23. коло од Втората лига. Охриѓани рутински славеа триумф, и сега мирно од врвот ги чекаат резултатите на останатите ривали за влез во прволигашката конкуренција.

Каланоски ги донесе охриѓани во предност, откако погоди по една нафрлена топка, и со волеј го совлада гостинскиот голман. Тоа беше резултат по првиот дел.

Во второто полувреме прекрасен гол постигна Димитриоски. Овој играч од средина ја „украде“ топката, стигна до 20 метри и ја смести во горниот десен агол од голот на Новаци. Глигоров во финишот ги постави конечните 3-0 на овој меч.

Се вчитува...