Реал Сосиедад му го „загорчи“ опстанокот на Леванте (ВИДЕО)

Важна победа за излез во Европа оствари Реал Сосиедад, над Леванте, за кого следуваат тешки моменти во битката за опстанокот во Ла Лига. На крајот домашниот тим триумфираше со 2:0, и продолжи да игра во стил „топло-ладно“ во последните неколку натпревари.

Сосиедад дојде до предност во 30. минута. Солер нафрли од корнер до Мартин, кој од само 2-3 метри со глава го совлада гостинскиот голман. 

Мендез во 83. минута на асистенција на Мартин, зголеми на 2-0, што беше и конечен резултат на овој меч.

Се вчитува...