Вардар е блиску да дојде до важна победа во битката за титулата во ПМФЛ, откако има предност од 2-0 над Македонија ЃП, и згора на тоа имаат и играч повеќе откако Кабаркас доби исклучување во 36. минута од средбата.
Сепак, први се заканија гостите од Ѓорче Петров со прекрасни шанси на Ајдоган и на Стоилов но не успеаја. Во 29. минута на другата страна се закани Омерагиќ, неговиот обид го одбрани Јанков во корнер.
Во 31. минута акција на Вардар по десната страна на Торес, кој мина неколку противнички играчи, шутираше, Јанков одби до Велковски кој не беше во офсајд, и погоди во голот за предност на домашните.
Се играше 36. минута кога Кабаркас остро стартуваше над Торес, по што доби директен црвен картон.
Тоа го искористија вардарци во 42. минута откако Кастењада доби топка по левата страна и шутираше во пад прецизно во долниот лев агол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

