Ибраими од херој до трагичар: Две големи промашувања, па стигна казната од Пелистер (ВИДЕО)

Капитенот на Шкендија, Бесарт Ибраими од херој се претвори во трагичар во мечот со Пелистер, откако по израмнувачкиот погодок, не успеа да постигне уште еден, и да донесе пресврт за својот тим.

Ибраими постигна гол во 43. минута од средбата и така донесе израмнување.

Шкендија во второто полувреме целосно ја презеде иницијативата, имаше две добри шанси преку Тамба, а потоа Бесарт Ибраими можеше да биде апсолутен херој. Но, се претвори во трагичар откако не успеа да реализира две добри шанси. Особено онаа првата кога од само 3-4 метри го префрли голот на Јовчевски.

Веднаш потоа Ибраими имаше уште една можност, меѓутоа овојпат од некои 12-13 метри со силен удар го префрли голот. Овие две промашувања потоа ги казни Керим, кој во 92. минута постигна гол вреден голема победа на Пелистер.

Се вчитува...