Во Бундеслигата ништо ново. Победа на Баерн Минхен и тоа со голем пресврт над Фрајбург. Домашните имаа предност од 2-0 до 81. минута, а потоа „Баварците“ се разбудија и успеаја со три гола да стигнат до победа.
Манзамби на стартот на вториот дел донесе предност за Фрајбург, а Холер во 71. минута успеа да зголеми и на 2-0. Фрајбург беше пред сензационална победа, но Тим Бишоф во 81. минута израмни, а потоа и во 92 минута донесе израмнување, за Карл во 99. минута го постигне победничкиот гол.
Девет гола имаше во Леверкузен, каде што тимот на Баер Леверкузен стигна до победа од 6-3. И тоа откако губеше со 1-3 во 38. минута. Сепак, на крајот со четири голови „фармацевтите“ успеаја да стигнат на крај до убедлив триумф. Два од петте гола беа постигнати од пенал.
Борусија Менхенгладбах одигра нерешено 2-2 во мечот со Хаденхајм. Лајпциг славеше на гостувањето кај Вердер со 1-2. Хамбургер одигра 1-1 против Аугзбург, додека Хофенхајм на домашен терен е поразен од Мајнц со 1-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

