Војната за врвот во Втората лига на Македонија продолжува. Ситуацијата се замрси денеска со победата на Брегалница над Скопје, и така сега штипскиот тим се искачи на второто место веднаш зад Охрид, кој претходно го совлада Новаци.
Брегалница ја освои Автокоманда со еден гол, славејќи победа од 0-1. Единствениот гол го постигна Талески во 41. минута. Класичен противнапад на штипјани, за Талески на крајот успее да го совлада Наумовски и да донесе предност, и на крај голема победа на „сините“.
Шкендија Арачиново со 2-0 ја совлада екипата на Тетекс на стадионот на Маџари, благодарение на два автогола во првиот дел на играчите на тетовскиот тим. Беласица и Осогово одиграа нерешено 0-0, додека Преспа загуби на домашен терен од Камениза Саса со 1-3.
Детонит Плачковица славеше тешка победа над Кожуф со 3-2, а Слога Виница беше подобра од Победа со 4-2.
ВМФЛ,23. КОЛО
ОХРИД – НОВАЦИ 3-0
БЕЛАСИЦА – ОСОГОВО 0-0
ДЕТОНИТ П. – КОЖУФ 3-2
СКОПЈЕ – БРЕГАЛНИЦА 0-1
ПРЕСПА – КАМЕНИЦА САСА 1-3
ШКЕНДИЈА А. – ТЕТЕКС 2-0
СЛОГА В. – ПОБЕДА 4-2
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

