ВИДЕО: Миовски „тресе“, Глазгов Ренџес победува

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, го постигна својот петти гол во Шкотска, откако денеска стрелаше во мрежата на Данди Јунајтед за победа од 4-2.

Овој гол има голема вредност за Ренџерс, со оглед дека на 3-2 само неколку мигови претходно, Данди погоди статива. Потоа после противнапад Миовски од 20 метри шутираше прецизно во долниот лев агол, и ставајќи печат на победата на Ренџерс.

За Миовски ова беше петти гол во првенството, а има и една асистенција.

Се вчитува...