Тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети го коментираше дебаклот на Италија и поразот од Босна и Херцеговина во финалниот бараж за Светско првенство.
Спалети ги започна квалификациите за пласман на Мундијалот, а потоа беше заменет со Џенаро Гатузо, кој не успеа да ја однесе селекцијата на Мундијал.
Тој кажа дека во Италија и натаму има таленти, само што треба да се работи со нив.
„Ги познавам сите таму и знам колку љубов и страст вложија во тоа. Тажен сум поради тоа што се случи, но се надевам дека луѓето ќе ги послушаат сите совети и ќе почнат правилно да планираат за иднината. Во моментов има многу странски сопственици во италијанскиот фудбал. Тоа е добро, но мора да се запрашаме дали сакаат да го извлечат максимумот од италијанските играчи. Исто така е исправно да се бараат најдобрите во други земји. Мислам дека сè уште има многу мајки кои раѓаат таленти како Роберто Баџо, Франческо Тоти, Алесандро Дел Пјеро и Фабио Канаваро. Затоа мора да бидеме во позиција да ги искористиме талентите што мајките ги даваат“, рече Спалети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

