Барселона максимално го искористи киксот на Реал Мадрид, и избега на +7 бодови на табелата во Ла Лига, откако ја победи екипата на Атлетико на гостински терен со 1-2. Барса ја искористи предноста од играч повеќе, и со голот на Левандовски во последните моменти од мечот стигна до пресврт, и на крај до голема победа која може да биде одлучувачка за шампионската титула.
Џулијано Симеоне во 39. минута донесе радост за домаќините. Ленгле додаде до Симеоне, кој го совлада Гарсија и Атлетико поведе.
Три минути подоцна Барселона дојде до израмнување. Олмо сервираше одлична топка до Рашфорд, кој успеа да го совлада Мусо и Барса да дојде до „егал“.
Нико Гонзалез доби црвен картон пред самиот финиш од првиот дел, и Барселона доби голема предност.
Меѓутоа во второто полувреме Мусо беше одличен и не дозволи Барселона да дојде до погодок. Потоа Ханс Флик го внесе во игра Левандовски кој се покажа како победнички „џокер“. Полјакот во 87. минута успеа да постигне гол и да донесе важна победа за Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

