Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Енис Барди игра нов одличен натпревар во турскиот шампионат за неговиот Коњаспор.
Коњаспор во моментов има предност од 0-1 на гостувањето кај Самсунспор во натпревар од 28. коло од турскиот шампионат. Токму гостите благодарение на нашиот интернационалец имаат водство, откако Енис Барди беше сигурен од белата точка за 0-1 во 23. минута.
Enis Bardhi scores from the spot!
Samsunspor 0-1 Konyaspor pic.twitter.com/FCHWunI3h6
— Goals Xtra (@GoalsXtra) April 5, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

