Столе три пати капитулираше, Селта Виго ја освои Валенсија (ВИДЕО)

Најдобриот македонски голман Столе Димитриевски и неговата Валенсија запишаа нов пораз во шпанската Ла лига откако денеска на домашен терен загубија од Селта Виго со 2-3 во натпревар од 30. коло.

Домаќините добро го отворија натпреварот и стигнаа до водство од 1-0 со погодокот на Родригез во 12. минута. Сепак, во вториот дел се промени се на теренот. Moриба во 56. минута израмни на 1-1, а само четири минути подоцна беше и 1-2 со погдокот на Лопез. На 1-3 зголеми Сведберг во 81. минута, додека Родригез со својот втор погодок на мечот во 93. минута ги постави конечните 2-3.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...