Зинедин Зидан и дефинитивно се враќа на тренерската работа

Легендарниот француски тренер Зинедин Зидан ќе стане нов селектор на француската репрезентација по Светското првенство.

Како што објави шпанскиот весник „Ас“, Зидан ќе го наследи Дидие Дешам, чие заминување беше најавено претходно, а во меѓувреме е постигнат договор со Француската фудбалска федерација.

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, со кого освои три последователни титули во Лигата на шампионите, се враќа на тренерската работа по четиригодишна пауза.

Во тој период, тој одби неколку понуди од европски и меѓународни клубови, вклучувајќи ги Челси, Пари Сен Жермен и Ал Хилал, со јасен став дека негов приоритет е да ја преземе репрезентацијата или евентуално да се врати во мадридскиот клуб.

Франција ќе учествува на претстојното Светско првенство како еден од главните фаворити, а Зидан ќе ја преземе селекцијата по турнирот.

Се вчитува...