ВИДЕО: Талентот на Македонија ЃП, Давид Вељаноски со спектакуларен гол од 50 метри

Еден од најталентираните млади фудбалери на Македонија ЃП, Давид Вељаноски постигна спектакуларен гол кој ретко се гледа на македонските терени.

Вељаноски, кој настапува за пионерскиот тим на „лавовите“ од генерација 2011, со феноменален шут од околу 50 метри ја погоди противничката мрежа демонстрирајќи го сиот свој фудбалски потенцијал и квалитет.

Давид беше и еден од најзаслужните, на тој начин, за триумфот од 1-3 на екипата на Македонија ЃП, предводена од Туш Зефиќ, на гостувањето против Шкендија.

Се вчитува...