Кошаркарите на Будуќност стигнаа до голема победа за што подобра позиција пред плеј-офот во регионалното натпреварување откако славеа на домашен терен против фаворизираниот Партизан со 95-89 во натпревар од 6. коло од плеј-офот во АБА лигата.
Гостите ја добија првата четвртина со 24-27, но потоа црногорскиот шампион одигра на високо ниво и во ниту еден момент не му дозволи на противникот да се понадева дека може да стигне до полн плен, па на крајот заслужено славеше со 95-89.
Аксел Бутеј со 19 поени беше најефикасен во таборот на победникот, додека кај поразените недоволен беше 21 поен на Шејк Милтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

