Две генерации на ФК Водно блеснаа со златен сјај во Овиедо

Две победи за две генерации на ФК Водно на „Овиедо-Куп“ турнирот во Шпанија. ФК Водно настапи со генерациите 2013 и со 2015, и со два пехари се враќа во Скопје.

Генерацијата на фудбалери родени во 2013 година, во финалето славеше против Овиедо, и го освои првото место во Сребрената лига.

Генерацијата, пак, на 2015 година во финалето беше подобра од Асеа де Ама од Шпанија.

ФК Водно 2013 година претходно на турнирот остварија победи над Оза Хувенил (Шпанија) со 3-0, потоа над Хувентуд Естадио со 3-0, го совладаа тимот на Донстија со 7-2, и триумф  над Ковадонга Кастаналес со 4-0, и претрпе еден пораз од Депортиво Мораталаз 0-1.

Генерацијата 2015 година на „Овиедо Куп“ ги совлада Унионистас од Шпанија со 3-2, Перли Церто од Швајцарија со 10-0, Кавадонга Кастанелес од Шпанија со 12-1, и против шпанската екипа Сада со 9-0.

На Овиедо Куп продефилираа многу млади таленти од целиот свет, а учествуваа и екипи од Аргентина, Јапонија, Мексико, Португалија, Канада, Швајцарија, САД и Шпанија.

Се вчитува...