Лина Ѓорческа со скок од едно место на најновата ВТА листа

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, забележа скок од едно место на најновата ВТА листа. Ѓорческа сега е на 199 позиција на листата, со 364 поени.

На врвот на листата и натаму без промени. Прва е Арина Сабаленка со 11.025 поени, додека Рибакина со 8.108 поени е на втората позиција. Трета е Коко Гауф со 7,278 поени.

Нема промени ниту на четвртата и петтата позиција каде се Ига Швјонтек и Џесика Пегула.

Објавена и машката АТП ранк листа, на која прв е Карлос Алкараз, а во првите пет се уште и Јаник Синер, Александер Зверев, Новак Ѓоковиќ и Лоренцо Музети.

Се вчитува...