Гатузо е „господин“: Побарал да бидат исплатени помошниците, а не барал отшета за себе

Италијанскиот фудбал минува низ еден од најтешките периоди во својата историја. Уште една катастрофа во квалификациите за Светското првенство дополнително ја продлабочи кризата што трае од титулата на Светското првенство во 2006 година.

Шокантното испаѓање доведе до големи пресврти во федерацијата. За неколку дена, Гравина и Буфон поднесоа оставки, додека Гатузо го стори тоа минатиот петок, помалку од една година откако ја презеде функцијата од Лучијано Спалети во јуни 2025 година. Сепак, неговата одлука не беше веднаш објавена, што предизвика многу шпекулации во италијанските медиуми.

Причината за необјавувањето не била поврзана со никакви преговори или несогласувања, туку со финансиски обврски кон неговиот стручен штаб.

Гатузо инсистирал сите обврски кон неговите помошници да бидат намирени пред да ја објави својата оставка. За да го овозможи ова, тој се откажа од преостанатиот дел од договорот со Федерацијата, ставајќи ги нивните интереси пред своите.

Се вчитува...