Винисиус: Не ми беше лесно со Алонсо, се надевам дека ќе останам во Реал уште многу години

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, разговараше со медиумите пред утрешниот голем натпревар против Баерн Минхен во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Бразилецот имаше неколку интересни работи да каже на различни теми.

Најпрво за поразот од Мајорка и веројатно загубата за титулата, Вини кажа дека во тимот ималку помалку хемија.

„Има денови кога имаме повеќе или помалку хемија… тоа се случи на Мајорка. Се вративме од негатива и како што рече тренерот, ако не си на 200% подготвен, нема да ги добиеш натпреварите.“, рече крилниот фудбалер.

За неговиот однос со Чаби Алонсо и инцидентот со замената во Ел Класико

„Секој тренер има свој метод и не беше лесно бидејќи немав многу минути, но тоа беше искуство од кое можев да се научам. Можеби немавме добар однос. Инцидентот со мојата замена за време на Ел Класико? Тоа беше момент кој не беше пријатен, им се извинив на сите. Сакам да играм на сите натпревари. Потоа можете мирно да разберете дека сте направиле грешка. Млад сум и секој ден е ново искуство во кое можете да се подобрите.“, рече Бразилецот.

Сега кажува дека со Арбелоа има одличен однос.

„Имав посебен однос со Арбелоа, како што имав и со Анчелоти. Секогаш ќе дадам сè за овој клуб бидејќи тоа е клубот на мојот живот. Долго време не постигнував голови, но учев и сакам да продолжам да учам. Се надевам дека ќе останам во РЕал уште многу години. Сите знаеме што сакаме и во вистинско време ќе го обновиме договорот. Среќен сум тука и сакам да останам долго време. Сега сум многу добро, но поминав низ тешки моменти кога навивачите ме исвиркуваа. Потешко е со репрезентацијата, но работам со клубот и дома за да бидам 100% подготвен да му помогнам на тимот.“, рече Винисиус.

Се вчитува...