Легендарниот Стен Вавринка го одигра својот последен меч во Монте Карло

Легендарниот Стен Вавринка го одигра својот последен натпревар сезонава. Уште од почетокот на сезоната се знаепе дека ова е последната година од професионалната кариера за Швајцарецот.

Повеќе од 20 години, три гранд-слем титули во неверојатната ера на „големата четворка“, еден Мастерс токму во Монте Карло, и вкупно 16 титули од најголемите турнири.

Во последниот натпревар во Монте Карло, за кој доби вајлд-кард, Вавринка беше поразен во два сета од Себастијан Баез од Аргентина со идентичнни 7-5 и 7-5 и со тоа ја поздрави публиката за последен пат на величествениот централен терен во Кнежевството.

 

Се вчитува...