Поранешниот тренер на Ана Ивановиќ, Немања Контиќ, раскажа интересна анегдота поврзана со неговата поранешна штитеничка и со Рафаел Надал.
Поранешниот тренер на српската тенисерка Ана Ивановиќ, Немања Контиќ, во подкаст сподели смешна приказна од времето кога тој и Ана случајно биле во Њујорк, некаде околу 2013 или 2014 година.
Како што рече, седеле во ресторан во Њујорк кога Рафаел Надал и неговиот чичко Тони влегле во истиот ресторан. Штом Шпанецот ја видел Ана, реагирал сосема неочекувано.
„Кога Рафа ја виде Ана, одеднаш како да удри во ѕид. Почнал да го напушта ресторанот, го удрил келнерот… Се враќаше назад, се вртеше, излегуваше надвор… Тој беше толку изгубен што прашав: „Извинете, дали воопшто видовте? Тој беше толку изгубен кога ја виде Ана. Мислам, сега зборувам, нема врска, тоа беше одамна во 2013, 2014 година. Беше како најкомичниот човек на планетата, тој доживеа таква несреќа што кога ја виде Ана, веднаш се сврте и удри во келнерот. Се врати, излезе надвор и по две минути го снема“, раскажа Контиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

