Матеус за Винисиус: Прво провоцира, потоа плаче…

Реал Мадрид ќе го пречека Баерн Минхен во првото четвртфинале од Лигата на Шампионите, дуел на две екипи со атомски напади во своите редови.

Германската легенда Лотар Матеус сепак верува дека Баерн може да стигне до позитивен резултат во Минхен, со оглед на проблемите со повредите што ги влече Килијан Мбапе.

„Кај овој тим на Реал се забележливи низа слабости што ги немаше кај Реал Мадрид во минатото. Тоа се случува кога среде сезона носите нов тренер, сето тоа остава трага врз тимот. Се говори многу за Мбапе, но тој често се мачи со повреди и тоа се одразува на неговата форма“, вели Матеус.

Поранешниот ас на Баерн Минхен беше особено критичен за однесувањето на Винисиус на натпреварите на „кралскиот клуб“.

„Не ми се допаѓа што многу се зборува за Винисиус, и тоа не за неговата игра туку за се друго поврзано со него. Секако, тој е извонреден играч, но бескрајно провоцира, навистина не зна да престане. А кога ќе успеете да го запрете на чесен начин, само се жали на судиите, па дури и плаче. Тоа е толку типично за него, секако дека не ми се допаѓа таквото однесување“, прокоментира Лотар Матеус.

Се вчитува...