Манчестер јунајтед нуди 30 милиони евра за новиот бисер од БиХ

Неверојатни се последните неколку месеци за Керим Алајбеговиќ, босанскиот тинејџер кој блесна на големата сцена и сега е многу блиску до преселба во Манчестер јунајтед.

Крилниот офанзивен до лани настапуваше во младинскиот тим на Баер Леверкузен, а одлуката да се пресели во Салцбург се покажа како полн погодок. Алајбеговиќ имаше низа одлични партии, се избори и за место во сениорскиот национален тим на БиХ, а по пласманот на СП 2026 следеше уште една одлична вест за новиот босански „бисер“, Баер ја активираше клаузулата од шест милиони евра за да го врати назад во „Бај Арената“.

Само што, мали се шансите дека овој напаѓач ќе остане во Леверкузен откако неколку премиерлигаши тргнаа во офанзива за неговиот потпис. Најконкретни се челниците на Манчестер јунајтед, кои понудиле 30 милиони евра и побарале одговор веднаш, во обид да го осигураат потписот на Алајбеговиќ уште во текот на оваа сезона, во страв неговата вредност дополнително да не порасне по завршувањето на СП 2026.

Баер има можност да го продаде овој фудбалер за пет пати повисока сума од онаа што сега му ја плати на Салцбург, па јасно е дека „фармацевтите“ се заинтересирани за ваква разврска, особено откако и самиот фудбалер изразил желба да се пресели на „Олд Трафорд“.

Се вчитува...