Супер вест за Монако – се враќа Мајк Џејмс

Монако се мачи со повредени кошаркари во текот на целата сезона, но многу важно за кнезовите е што најдобриот играч на оваа екипа, Мајк Џејмс, е „фит“ за камбек токму за најважните натпревари во Евролигата.

„Кнезовите“ попладнево објавија дека Џејмс почнал да тренира индивидуално минатата седмица, состојбата му е се подобра од ден на ден, па се очекува одличниот поентер својот камбек да го има веќе задутре и да биде на располагање за двојното евролигашко коло што е на програмата оваа седмица.

Монако в среда ќе го пречека тимот на Асвел, а на 10 април ќе биде домаќин на Барселона, две средби што се од исклучителна важност во трката за место во плејин доигрувањето.

Се вчитува...