Тренерот на Милан, Масимилјано Алегри после поразот од Наполи од 0-1, се откажа од битката за титулата во Серија „А“. Тој рече дека целта на тимот сега е да се квалификува во Лигата на шампионте.
За мечот со Наполи, кажа дека презел ризик да игра со двајца напаѓачи, и на крајот тоа не успеа, и покрај тоа што истакна задоволство од играта на Филкруг и Нкунку.
„Беше натпревар со малку шанси за гол, па сметавме дека една епизода може да ја промени ситуацијата. Наполи го искористи тоа. Нашата одбрана беше цврста, но примивме еден гол. Требаше да ги завршуваме нападите побрзо во второто полувреме, затоа што се двоумевме и дозволивме да не притиснат. Мислам дека Нкунку и Филкруг играа добро и имаа неколку шанси, само недостасуваше реализација. Кога ја вративме топката во наш посед, правевме лоши додавања. Дефинитивно треба да ја подобриме нашата игра“, рече Алегри.
Искусниот тренер истакна дека трката за Скудетото е завршена за Милан.
„Трката за Скудетото не е за нас во моментов. Интер е девет бода пред нас, а Наполи е напред. Треба да се фокусираме на себе, да играме натпревар по натпревар. Сега се движиме кон нашата цел, кон место во Лигата на шампионите“, изјави Алегри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

