Сегашниот тренер на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа и натаму има неизвесна иднина на клупата на „кралевите“. Некогашниот фудбалер кој ја презеде функцијата од Чаби Алонсо, оди добро во Лигата на шампионите, додека во шпанската Ла Лига, Барселона има предност од седум бода на првото место, и е на добар пат да ја освои титулата.
Малку веројатно е дека Арбелоа ќе остане на клупата на „кралевите“ и идната сезона без ниту еден трофеј. Тоа значи дека тимот ќе мора да фрли се на Лигата на шампионите, односно да се обиде да ја освои таа титула. Се друго нема да го задржи на столчето на Реал.
Реал Мадрид во 1/4 финалето игра против Баерн Минхен, а потоа ако мине ќе игра со победникот од дуелот ПСЖ – Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

