Дефанзивецот на Барселона, Ерик Гарсија пред самиот меч против Атлетико Мадрид во 1/4 финалето во Лигата на шампионите, доживеал семејна трагедија. Тој бил информиран дека починал неговиот дедо.
Шпанските медиуми јавуваат дека, тој, сепак ќе биде во комбинација за мечот против Атлетико.
Тренерот Ханс Флик разговарал со него, и му понудил да му даде слободни денови, но Гарсија инсистирал да биде во екипата и да и помогне за дуелот против шпанскиот тим да дојде до победа.
Мечот помеѓу Барселона и Атлетико се игра утре во 21:00 часот на „Ноу Камп“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

