Сан Антонио Спарс ги победија Филаделфија со 115-102 и ја остварија својата 60-та победа во сезоната, но натпреварот беше нарушен од повреда на Виктор Вембањама. Одличниот Французин падна по дуел со противникот. Прво се фати за рамо и се врати во игра, но набрзо стана јасно дека нема да може да ја продолжи играта. Лекарските прегледи ќе покажат колку е сериозна повредата на високиот центар.
Пред да го напушти натпреварот, Вембањама покажа зошто е еден од главните кандидати за наградата за најкорисен играч (МВП), но неговиот статус за претстојните натпревари сега е под големо прашање.
Иако Спарси успеаја да го доведат натпреварот до крај и да забележат важна победа, впечатокот на вечерта останува здравствената состојба на нивната прва ѕвезда, што би можело да има големо влијание врз индивидуалните награди на крајот за Французинот, кој, како и Лука Дончиќ, има 64 одиграни натпревари и му недостасуваат уште минималните 20 минути на паркетот за да може да се најде во идеалната петорка на лигата.
До заминувањето од теренот, Вембањама беше одличен со 17 поени, 5 скока и 3 блокади за нешто помалку од 16 минути поминати на теренот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

