Актуелниот македонски првак Е. Пелистер денеска го официјализираше македонскиот репрезентативец Мартин Серафимов за ново засилување. Тој потпиша двегодишен договор за тимот од Битола.
Серафимов ќе се стави на располагање на битолскиот тим од идната сезона 2026/27. Тој доаѓа во Пелистер од Алкалоид, а во минатото беше дел од Металург. Договорот ќе биде официјализиран во јули оваа година, пред стартот на летните подготовки.
„Нашиот клуб секогаш бил асоцијација за македонската репрезентација и во секој успех вградил многу свои членови и протагонисти. Затоа секој потпис на македонски репрезентативец многу ни значи. Денес го официјализираме како наш нов член Мартин Серафимов, десниот бек на националниот тим. Тој потпиша двегодишен договор со Еурофарм Пелистер и од сезоната 2026/27 ќе му се стави на располагање на стручниот штаб“, стои во објавата на битолскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

