Легендарниот Французин објави: Одам во пензија

Легендарниот француски кошаркар Нандо де Коло на крајот од оваа сезона ќе замине во играчка пензија, објави 38-годишниот ветеран во своето последно интервју.

Французинот кој сезонава ја почна во Асвел, а пред неколку месеци се пресели во Фенербахче, во кариерата има освоено две титули во Евролигата, донесе конечна одлука – да каже збогум.

„Ова ќе биде моја последна сезона. Никогаш не реков дека ќе се повлечам ако ја освоиме Евролигата. Да биде јасно, ова е моја последна сезона, без разлика на конечниот исход. Во животот е важно да се има чувство за тајминг, мислам дека е дојден вистинскиот момент да кажам збогум“, порача Нандо де Коло.

Се вчитува...