Барселона славеше на тешкото гостувањето против Атлетико Мадрид, но во фокусот на јавноста не се најде големиот триумф, туку однесувањето на Ламин Јамал, кој бурно реагираше по одлуката на Ханси Флик да го повлече од игра во судиското продолжение.
Барса утре повторно ќе гостува на Атлетико, овојпат во четвртфиналето од Лигата на Шампионите, а Ханси Флик денешната прес-конференција ја почна со обраќање токму за Јамал, целосно застанувајќи во одбрана на суперталентот на каталонскиот гигант.
„Јас секогаш ќе сум тука за Ламин, секогаш ќе го поддржувам. Мора да разберете, тој е неверојатен фудбалер, но исто така и има само 18 години. Мина пет противнички фудбалери и за малку ќе дадеше гол, беше исфрустриран, беше максимално емотивен и тоа е добро. Без разлика каква му беше реакцијата, тој знае дека јас секогаш го поддржувам. Со такви таленти мораме да бидеме внимателни, не треба да се крева врева околу буквално се што ќе направи. Ламин уште сега е голем играч, можеби ќе биде и најдобар во светот во иднина“, истакна Флик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

