Колку чини да се сними реклама со Роналдо и со Меси?

Да се имаат најславните фудбалери на денешницата во сопствена реклама е крајно амбициозна, но и исклучително скапа желба, нешто што може да си го дозволат минимален број на светски брендови во бизнис-заедницата.

Една од нив е „Лего“, компанијата што сними специјален рекламен спот за претстојниот светски шампионат, реклама во која се најдоа Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Килијан Мбапе и Винисиус.

Од „Лего“ откриваат дека иако на спотот сите се заедно, четирите суперѕвезди не минале ниту минути еден крај друг, туку сите кадри биле снимани поединечно, за на крајот да бидат монтирани за перфектен завршен продукт.

Воедно, компанија обелодени и колку пари се издвоени, па така најмногу заработил Роналдо, дурли 3,5 милиони долари, додека Лео Меси инкаасирал 2,6 милиони долари за учеството во оваа рекламма.

Преостанатите двајца фудбалери заработиле далеку помалку, Мбапе 850.000 долари, додека Винисиус мораше да се задоволи со скромни 325.000 долари.

Како што информираат од „Лего“, големата разлика се должи на разликите во популарноста на фудбалерите на социјалните мрежи. Роналдо е апсолутен владетел со над 670 милиони следбениции на Инстаграм, додека Винисиус го следат „само“ околу 60 милиони луѓе на оваа мрежа.

Се вчитува...