ИААФ најавува Светско првенство во маратон кое ќе е посебно од атлетските Мундијали

Светската атлетска федерација објави дека планира да започне со посебно Светско првенство во маратон од 2030 година и дека тоа ќе бара големи промени во календарот кога станува збор за трчање на долги патеки.

Маратонот ќе остане составен дел од Светското првенство во 2027 и 2029 година, но од 2030 година ќе биде независен настан. Веќе на Светското првенство во атлетика во 2031 година, маратонот нема да биде дисциплина.

Планот е Светското првенство во маратон да се одржува секоја година од 2030 година, но мажите ќе се натпреваруваат една година, а жените следната. Светската атлетска федерација потврди дека веќе започнала преговори со Атина, која би била домаќин на првото Светско првенство во маратон.

„Воодушевени сме што започнуваме разговори со Атина како потенцијален домаќин на првото Светско првенство во маратон како родно место на оваа дисциплина“, рече претседателот на Светската атлетска федерација, Себастијан Коу.

Се вчитува...