Aртета: Мораме да ја погледнеме пошироката слика

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека нема место за паника и покрај двата последователни порази и дека неговиот тим мора да ги искористи лошите резултати како мотивација пред четвртфиналето на Лигата на шампионите против Спортинг.

„Топ;иите“ загубија од Саутемптон со 2-1 во ФА Купот, а претходно беа поразени во финалето на Лига Купот од Манчестер Сити со 2-0.

„Мораме да ја погледнеме пошироката слика – колку е тешко сето ова и што сме направиле досега. Треба да ја почувствуваме таа болка и емоции и да ги искористиме за да бидеме подобри. Го гледавме натпреварот двапати, не заслуживме да изгубиме, но ова е фудбал. Бевме казнети за работи што се дел од нашиот идентитет и мора да го одбраниме тоа уште посилно“, рече Артета.

Се вчитува...