Вработени на стадионот во ЛА најавуваат штрајк поради „Ајс полицајците“

Синдикатот на готвачи, келнери и шанкери, кој брои 2.000 членови на стадионот „Со-фај“ во Инглвуд, Лос Анџелес, се закани со штрајк доколку ФИФА не гарантира дека службениците на американската Служба за имиграција и царина (ICE) ќе се држат настрана за време на Светското првенство.

Претставниците на синдикатот, наречен Локал 11, поставија три главни барања до ФИФА и сопственикот на стадионот „Кронки Спортс енд Ентертејнмент“, јавна обврска дека ICE нема да се меша во Светското првенство, заштита на работните места и условите за работа на членовите на синдикатот и поддршка за прифатливо сместување за работниците.

Вршителот на должноста директор на Одделот за внатрешна безбедност, Тод Лионс, претходно изјави дека ICE ќе игра „клучна улога“ на Мундијалот, што синдикатот го оцени како напад врз безбедноста и на нив и на гостите.

Се вчитува...