Фудбалерите на Силеск имаат водство од 0-2 на гостувањето во Кавадарци кај Тиквеш во источното дерби на мак-фудбалот како дел од 26. коло од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.
Гостите беа подобар противник уште од самиот старт на натпреварот. Уште во 3. минута кратовци ја имаа првата шанса откако стативата на голот на противникот ја погоди Анѓелески. Добрата игра избраниците на Александар Васоски ја материјализираа во 17. минута. По одлично изведениот корнер на Мирчевски најдобро во противничкиот шеснаесетник се снајде Пиреш кој донесе водство од 0-1.
До крајот на првиот дел беше и 0-2 со погодокот на Алиќ.
Во вториот натпревар од денешната понуда од 26. коло Башкими и АП Брера по 45 минути играат без голови 0-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

