Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е свесен дека е само прашање на време кога ќе го изгуби првото место на АТП листата. Битката за врвот на АТП листата влегува во нова фаза, а исходот би можел да дојде уште на Мастерсот во Монте Карло.
Јаник Синер има реална шанса да се врати на првото место, а Карлос Алкараз е свесен за тоа. И двајцата го започнаа турнирот во Кнежевството со сигурни победи. Синер рутински го победи Иго Умбер, додека Алкараз беше подобар од Себастијан Баез.
Шпанецот не крие дека го чека тешка задача во остатокот од сезоната.
„Реално, ќе го изгубам првото место. Единственото прашање е кога и дали сега или на следниот турнир. Бранам голем број поени и ќе биде исклучително тешко да се спаси сето тоа“, рече Алкараз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

