Стефан Ристовски за спорната фотографија која предизвика „бура“ во БиХ: „Не се замарам со такви работи…“ (ВИДЕО)

Објава од фудбалскиот клуб Железничар по дербито со Сараево, кое заврши без голови, стана вирален хит изминативе денови во БиХ.

Поради својата содржина, фотографијата привлече огромно внимание и за кратко време достигна милионска публика на Твитер, Инстаграм и Фејсбук.

На дотичната фотографија, покрај играчот на Железничар, Енес Алиќ, во многу незгодна поза, се наоѓа и фудбалерот на Сараево и поранешен македонски репрезентативец, Стефан Ристовски, кој зборуваше за целата ситуација во новото издание на подкастот на босански „Вјести“…

На прашањето како би го коментирал објавувањето во кое се нашол во неблагодарна улога, Ристовски даде јасен одговор.

„Јас навистина не се занимавам со тие работи. Додека некој се занимава со трофеи, некој се занимава со маркетинг. Тие остануваат со тоа, а за нас е друго време. На крајот, мртвите се бројат“, рече Ристовски.

Се вчитува...