Баерн Минхен има предност од 0-1 по првото полувреме на дуелот против Реал Мадрид во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Баварците од самиот почеток покажаа дека дошле во Мадрид со желба за најдобар можен резултат пред реваншот.
Баерн имаше шанса преку Упамекано, направија серија напади, Гнабри во 26. минута не ја искористи грешката на Питарч, а потоа – гол.
Во 41. минута, Гнабри фантастично го помина Луис Дијаз, а Колумбиецот постигна гол за Германците да слават.
На вториот вечерашен натпревар од четвртфиналето, Спортинг и Арсенал играат без голови по првите 45 минути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

