Извонреден меч на Димитријевиќ: „Дабл-дабл“ за победа на Баерн во Болоња

Одличен натпревар одигра македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ во победата на неговиот Баерн од 80-85 на гостувањето против Виртус Болоња во Евролигата.

Димитријевиќ беше најдобар поединец во својот тим со +12 коефициент поени, како резултат на неговиот „дабл-дабл“ ефект од 11 поени и 10 асистенции, а дополнети и со три скока.

Најефикасен во победата на Баерн беше МекКормак со 24 поени, а Канаѓанецот Мајк заврши со 12 поени. Кај домаќините се издвои Морган со 28 постигнати поени.

Се вчитува...