Лејкерс без сите свои ѕвезди поразени од Оклахома (ВИДЕО)

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс забележаа нов пораз во НБА лигата од актуелниот шампион Оклахома сити тандер на домашен терен со убедливи 87-123.

Откако од претходно до крајот на сезоната езерџиите сигурно се бе Лука Дончиќ и Остин Ривс на овој меч не настапи и Леброн Џејмс. Во нивно отсуство Руи Хачимура постигна 15 поени, додека кај победникот Шаи Гилџс Александер повторно беше прво име со 25 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Вашингтон – Чикаго 98-129, Индијана – Минесота 104-124, Бруклин – Милвоки 96-90, Торонто – Мајами 121-95, Бостон – Шарлот 113-102, Њу Орлеанс – Јута 156-137, Голден стејт – Сакраменто 110-105, ЛА Клиперс – Далас 116-103 и Феникс – Хјустон 105-119.

Се вчитува...