Ракометарките против Германија по тешка задача за пласман на ЕП

Женската ракометна репрезентација на Македонија вечерва на домашен терен ќе ја пречека Германија во натпревар од 5. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство.

По двете победи на Грција во двомечот со Израел, шансите за пласман на нашиот национален тим меѓу најдобрите на стариот континент се сведува на минимум. „Црвено-жолтите“ девојки во последните два меча ќе мора да слават против еден од големите фаворити, Германија или Словенија.

Прва шанса е токму актуелниот светски вицешампион Германија, кој во нашата држава доаѓа со комбинирам тим откако веќе обезбеди пласман на континенталниот собир. Натпреварот меѓу Македонија и Германија е со почеток во 18 часот.

Се вчитува...