Секуловски: Очекувам голема поддршка од навивачите во дербито против Вардар

Фудбалерите на Пелистер вечерва на домашен терен ќе го пречекаат Вардар во македонското фудбалско „Ел класико“ како дел од 26. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Во пресрет на најголемото македонско дерби, шефот на стручниот штаб на Пелистер, Марјан Секуловски, ги сподели своите очекувања за натпреварот против Вардар.

„Како и за сите, така и за мене, најголемото македонско дерби е токму тоа – најголемото македонско дерби. Било и ќе остане: Пелистер – Вардар. Победата во Тетово ја врати самодовербата кај играчите. Таа е една од добивките, покрај најголемата – трите бода. Се врати вербата дека можат, дека се способни и дека поседуваат доволно квалитет. На нашите навивачи им порачувам да дојдат во што поголем број и да им пружат максимална поддршка на играчите, во што воопшто не се сомневам. Особено ни е потребна таа поддршка во моментите кога можеби работите нема да одат најдобро. Токму тогаш да ги понесат играчите, да ги вратат на вистинските патеки и на крајот од натпреварот сите заедно да се радуваме на успехот“, вели Секуловски. 

Натпреварот меѓу Пелистер и Вардар е закажан за 20 часот на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.

Се вчитува...