Поразот од Пелистер го оддалечи тимот на Шкендија три бода од врвот. Шанса за поправен има веќе денеска во меч против Работнички.
Шампионот веќе нема право на грешка, ќе мора на секој меч до крајот на сезоната да оди на победа.
„Да бидам искрен, тој натпревар со Пелистер нè разочара сите, и нас и навивачите, бидејќи не мораше да ги изгубиме тие бодови. Но, сега мора да бидеме самокритични и да преземеме одговорност. Добрата работа во оваа ситуација е што имаме нов натпревар за три дена, што ни дава можност да ја поправиме грешката што ја направивме и да се вратиме на победата“, вели Албин Зејнулаи.

Играчот на Шкендија верува дека до крајот на сезона може да биде стигната разликата.
„Остануваат уште осум натпревари и ние сме целосно во трка. Мора да го оставиме последниот пораз зад нас и да се фокусираме на иднината. Мора да бидеме свесни дека секој натпревар до крајот е како „мини-финале“ за нас. Немаме простор да губиме бодови, па затоа нашата мотивација мора да биде максимална, исто како во вистинско финале.“, рече Зејнулаи.
Од таборот на Шкендија се свесни дека задачата нема да биде лесна.
„Во модерниот фудбал нема лесни натпревари. Работнички доаѓа од добра серија, но кој најмногу ја сака победата и кој најмногу се труди на теренот, тој го добива резултатот. Мора да бидеме одговорни и максимално фокусирани. Ако дадеме 100% од себе, со оглед на квалитетот што го имаме, Шкендија нема да има проблеми да го добие натпреварот”, изјави Зејнулаи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

