Популарниот Мечка со најава: „Светот доаѓа во Скопје. Младоста, енергијата и спортот се обединуваат во Македонија“ (ВИДЕО)

Светското училишно првенство во ракомет кое ќе се одржи од 21 до 29 април во Скопје е еден од најзначајните спортски настани во нашата држава оваа година.

Под организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, за првпат ќе бидеме домаќини на настан од ваков ранг, во кој е вклучена огромна логистика за негово беспрекорно одржување.

Репрезентативецот Милан Лазаревски – Мечка, како „амбасадор“ на овој настан, ги повика сите љубители на спортот и ракометот на 21 април на плоштад Македонија да присуствуваат на свеченото отварање на Светското првенство, а потоа и да ги следат натпреварите на младите ракометари.

„Светот доаѓа во Скопје. Младоста, енергијата и спортот се обединуваат. Се гледаме на плоштад Македонија на 21 април“ – е пораката од Лазаревски.

Се вчитува...