Рускиот тенисер Данил Медведев го доживеа најголемиот срам во кариерата во 2. коло на првиот АТП мастерс турнир серијата 1000 кој се игра на земјена подлога во Монте Карло.
Русинот во својот воведен натпревар на земја годинава не успеа да освои ниту гем против италијанскиот тенисер Матео Беретини кој на централниот терен во кнежевството славеше со 6-0 и 6-0.
Ова е прв АТП меч во кариерата кој Медведев го загуби без освоен гем. Во 3. коло Италијанецот за противник ќе го има подобриот од дуелот меѓу Артур Риндеркнеш од Франција и Бразилецот Жоао Фонсека.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

